Wednesday, September 14, 2005

Стартува Лигата на Шампионите


13.09.2005

Стартува најпривлечното клубско натпреварување на планетата - фудбалската лига на шампионите.

Загревањето заврши квалификациското сито го оформи европскиот крем од 32 екипи кои ќе ја имаат честа да бидат дел од јубилејното 50 -то издание.

Меѓу 12 - те екс шампиони и пет дебитанти кои ќе се возбудуваат уште од воведните тонови на химната на лигата на богаташите.

А од сега па се до 17 мај преку 125 дуели, стотици голови и десетици часови фудбалско задоволство, само за две екипи ќе има место на прекрасниот Стад д Франс во Париз во пресметката за блескавиот трофеј.

Лесно е да се нанижат фаворитите, кои се и оваа година исти. Се потешка е задачата да се погодат аутсајдерите кои ќе ги стрелаат големите зверки.

Судејќи според претходните две години такви екипи сигурно ќе има и сега. Веројатно ниту Порто, Монако или Валенсија па дури и актуелниот шампион Ливерпул не можеа да ги предвидат своите врвни походи.

Затоа во пресрет на новиот циклус сите прогнози, претпоставки и громогласни најави се на стаклени нозе. Кој може по сите претходни сензации да ја отфрли можноста дека ова не е година на Виљареал, Шалке, Интер, Бетис или Лион.

Вечерва токму Жерлан и Мануел Луиз де Лопера стадионот ќе бидат епицентрите на фудбалските вибрации. Бетис ќе го пречека бранителот на трофејот Ливерпул, Лион најтрофејниот досега Реал Мадрид.

Во другите дуели од Ф и Г групата: Олимпијакос - Розенборг и Челзи - Андерлехт. ПСВ - Шалке 04; Милан - Фенербахче и Петржалка - Интер; Ренџерс и Порто се двојките кои ја комплетираат увертирата во новото издание од лигата на шампионите.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home