Thursday, October 20, 2005

Бајерн му врати на Јувентус

Bayern
Juventus
Bayern2 - 1
Juventus

Во „А“ групата Баерн на преполната Алианс Арена во Минхен го совлада единствениот конкурент за првото место Јувентус со 2:1 и му се реваншираше за ланските порази.Поточно последен пат успеа Бајерн да добије еден натпревар против еден Италијански тим пред петнаесет години 1990 година и тоа против веќе 7 кратниот првак на лигата на шампиони Ац Милан.Јувентус уште од почетокот на натпреварот делуваше многу безопасно и во одбраната многу несигурно.Бајерн успева да дојде во воство во 32 минута преку германскиот репрезативец Дајзлер со копродиукција на фториот голман на Јувентус Абијати.Вториот гол го даде во 39мин Аргетинецот Демихелис преку аститенцијата на Дајзлер.До крајо на натпреварот Бајерн имаше повеќе посериозни шанси преку Макај да го зголеми водството.За Јувентус дури во 90 минута Ибрахимовиќ постигнува гол за конечни 2:1.

Wednesday, October 12, 2005

Раул во историјата на Лигата на шампионите

Напаѓачот на Реал Мадрид Раул е најдобриот стрелец на сите времиња во најквалитетното евро-клубско натпреварување.Раул го постигна првиот гол за Реал против Олимпијакос, за него 50-ти во лигата на шампионите и на тој начин го надмина легендарниот Ди Стефано.Победата од 2:1 на Реал му ги донесе првите три бода во Ф-групата, во која по триумфот на гости кај Розенборг со 1:0 води Лион со максимални 6 бода.Толку има и лидерот во групата Х-Интер кој пред празниот Сан Сиро го совлада Глазгов Ренџерс со голот на Пизаро. Шкотите сега се 3-ти со идентично остварување како и Артмедија која вчера ја стресе Европа со пресвртот на Драгао.Порто водеше со 2:0, но Петрас, Козак и Борбели на словачкиот тим му донесоа победа зацврстувајќи го Порто на дното на табелата. Дербито на вечерта мина неатрактивно и без погодоци.

И покрај острењето и заканите, Ливерпул-Челзи 0:0 за делба на водечките места во Г-групата со по 4 бода, пред Бетис кој преку Рикардо Оливеира синоќа однесе три од теренот на Андерлехт.
Најубедлив беше Фенербахче против ПСВ. 3:0 за по три бода за двата тима по 2-то коло по кое еден повеќе има лидерот во Е-групата Милан кој двапати водеше, а на крајот одигра само 2:2 со Шалке.
Доколку УЕФА го потврди времето, голот на Сидорф во 21-та секунда ќе биде третиот најбрз во историјата на лигата, по двата на Дел Пиеро и на Жилберто Силва кои ги тресеа мрежите во 20-тата секунда.