Раул во историјата на Лигата на шампионите
Напаѓачот на Реал Мадрид Раул е најдобриот стрелец на сите времиња во најквалитетното евро-клубско натпреварување.Раул го постигна првиот гол за Реал против Олимпијакос, за него 50-ти во лигата на шампионите и на тој начин го надмина легендарниот Ди Стефано.Победата од 2:1 на Реал му ги донесе првите три бода во Ф-групата, во која по триумфот на гости кај Розенборг со 1:0 води Лион со максимални 6 бода.Толку има и лидерот во групата Х-Интер кој пред празниот Сан Сиро го совлада Глазгов Ренџерс со голот на Пизаро. Шкотите сега се 3-ти со идентично остварување како и Артмедија која вчера ја стресе Европа со пресвртот на Драгао.Порто водеше со 2:0, но Петрас, Козак и Борбели на словачкиот тим му донесоа победа зацврстувајќи го Порто на дното на табелата. Дербито на вечерта мина неатрактивно и без погодоци.
И покрај острењето и заканите, Ливерпул-Челзи 0:0 за делба на водечките места во Г-групата со по 4 бода, пред Бетис кој преку Рикардо Оливеира синоќа однесе три од теренот на Андерлехт.
Најубедлив беше Фенербахче против ПСВ. 3:0 за по три бода за двата тима по 2-то коло по кое еден повеќе има лидерот во Е-групата Милан кој двапати водеше, а на крајот одигра само 2:2 со Шалке.
Доколку УЕФА го потврди времето, голот на Сидорф во 21-та секунда ќе биде третиот најбрз во историјата на лигата, по двата на Дел Пиеро и на Жилберто Силва кои ги тресеа мрежите во 20-тата секунда.
0 Comments:
Post a Comment
<< Home