Wednesday, September 14, 2005

Ливерпул против Челзи во лигата на шампиони


Европскиот првак Ливерпул против Челзи во иста група од 8-те во кои денеска во Монте Карло беа распоредени најдобрите 32 екипи во лигата на фудбалските шампиони.

Најмногу претставници имаат Шпанија, Италија и Англија по 4, а три тима од Бундес лигата влегоа во трката за трофејот што ќе започне на 13-ти септември, а ќе трае до 17-ти мај за кога е закажано финалето на Стад де Франс во Париз.

Во „А“ групата Баерн од Минхен и Јувентус се фаворити за првите две позиции што водат во елиминационата рунда. Бриж и Рапид Виена, барем според рејтингот на противниците ќе се натпреваруваат за 3-тото место со тоа и за продолжување на настапите во купот на УЕФА.

4-кратниот првак на европа Ајакс ќе му биде најсериозниот конкурент на Арсенал во 'Б“ групата во која се уште и Спарта Прага и клубот што за првпат е во елитната лига швајцарски Тун.

Внимание ќе привлече и 3-тата група во која има тимови од Примера, од Бундес и од Калчо лигата. Барселона, Бремен, Удинезе и Панатинаикос кој навидум е аутсајдер, но е со големо искуство кога се во прашање средбите од најквалитетното евро натпреварување.

Манчестер Јунајтед ја предводи „Д“ групата која е реклативно лесна затоа што англичаните во неа немаат звучно име за противник со Виљареал, Лил и Бенфика.

Финалистот од минатата сезона Милан, е најдоброрангиран во групата „Е“ во кој се уште и ПСВ Ајндховен, Шалке и Фенербахче.

Најуспешниот тим во шампионската лига Реал Мадрид, атакот на 10-тата титула ќе ја започне против Лион, Олимпијакос и Росенборг во „Ф“ групата.

Ливерпул и Челзи ќе го привлечат вниманието со меѓусебните дуели во групата „Г“, но не треба да се заборави посебно на Бетис, но и на Андерлехт.

Атрактива ќе биде и „Х“ групата во која најмногу шанси му се даваат на Интер во конкуренција на Порто, на Глазгов Ренџерс и на најголемото изненадување во квалификациите, словачкиот тим Петржалка.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home