Лион го демолираше Реал Мадрид
Lyon | | Real Madrid | ||
21' Carew 26' Juninho 31' Wiltord |
Францускиот шампион Лион го демолираше деветкратниот континентален првак Реал Мадрид со 3:0, во натпреварот на вечерта што го означи почетокот на фазата по групи во новата сезона на шампионската лига.
22 гола беа постигнати на осумте воведни средби од „Е-Х“ форматот, немаше ниту еден нерешен резултат.
Со три погодоци за само десет минути, Лион го потопи Реал на „Жерланд“. Кару, Жунињо и Вилтор го потсетија кралскиот клуб дека со 3:0 загуби во првиот меч и лани, на гости во Леверкузен. Малку недостигаше кошмарот на „Галактикос“ да биде и поголем, бидејќи Касиљас го одбрани пеналот на Жунињо, спречувајќи 4:0 уште на полувреме.
„Првиот дел ни беше од соништата“, гордо изјави Жерар Улие, блескаво почнувајќи ја својата тренерска рехабилитација. Чудно, шефот на Реал Вандерли Луксембурго не беше премногу загрижен.
„Дадоа голови од првите две шанси, но не беше во прашање среќа, туку ефикасност. Проблемот е што ние не погодивме“, изјави бразилскиот стручњак, тврдејќи дека играта на Реал била подобра отколку при првенствениот неуспех со Селта.
Во вториот меч од групата „Ф“, Розенборг на гости го изненади Олимпијакос со 3:1. Со два брзи гола, на Синама Понгол и на Луис Гарсија, и вропскиот првак Ливерпул почна трумфално, на жешкиот терен на Бетис во Севиља.
Рафаел Бенитез се врати на добро познато место, дебитантот во лигата на богатите преку Арзу намали на почетокот од второто полувреме, но „Црвените“ одолеаја до крајот.
„Ние бевме подобри во првиот, а Бетис во вториот дел. Но, се е до головите, ние дадовме два, а тие само еден“, изјави шпанскиот менаџер на Ливерпул, најавувајќи дека нерешен резултат не би го задоволил ниту во дербито на групата „Г“ со Челзи следното коло.
Лондонските сини пак, со голот на Френк Лампард од слободен удар минимално го совлада Андерлехт, но менаџерот Жозе Мурињо пак не признава дека Челзи се уште не е во ланската форма.
„Моите играчи одиграа како што им реков. Да не ја губат топката и да не оставаат простор зад одбраната“, рече португалецот.
Со погодок во стилот на Марадона, Кака беше инспиратор на победата на Милан над Фенербахче од 3:1. Беше стрелец и на првиот гол, но на три минути пред крајот, при 1:1, бразилецот со самба слалом низ турската одбрана ги реши дилемите. Шевченко потоа само потврди кој е кој на „Сан Сиро“.
Во вториот дуел од групата „Е“, ПСВ Ајндховен со 1:0 беше подобар од Шалке 04. Синоќа уште, во групата 'Х“, Интер минимално славеше кај Аартмедија со 1:0, а Ренџерс во Глазгов беше поуспешен од Порто со 3:2.
0 Comments:
Post a Comment
<< Home