Wednesday, September 28, 2005

Информацији за вчерашните пресметки

Нови осум пресметки од „А“ до „Д“ шемата по групи донесува вторничката вечер во Лигата на Шампионите.

Вечните фаворити за освојување на титулата Јувентус, Баерн, Барселона и Манчестер Јунајтед пред своја публика размислуваат само за победи против екипите со помалку звучни имиња.
И ако италијанците, баварците па и каталонците објективно не би требало да имаат поголеми проблеми против Рапид, Бриж и Удинезе, Црвените Ѓаволи се пред сериозен предизвик.На театарот од соништата гостува Бенфика. Двобојот што поранешните европски владетели ќе ѓи врати речиси, 40 год наназад во историјата.
Спомените се поврзани со англискиот гигант, кој токму против поругалците на Вембли стигна до својата прва титула.
Сегашниот Манчестер Јунајтет се соочува, со суспензија на Вејн Руни, и фрустрирачкиот пораз од Блекбурн дома по 43 год. Карактерот на екипата е на тест, избраниците на сер Алекс Фергусон многупати демонстрирале брза рехабилитација по поразите.

Од друга страна Бенфика со новиот предводник Роналд Куман излезе од лошата серија и најавува офанзива на „Олд трафорд“.

Лил - Вилареал е другата двојка од оваа „д“ група.

Во првата Јувентус и без Виера и Буфон е голем фаворит во Торино против Виенски Рапид, како и Баерн кој го пречекува Бриж.

Баварците имаат стоотстотен ефект на трите последни дуели од Лигата на Шампиони во Минхен. Белгијците кошмарни 8 порази на 11-те евро визити во Германија.

Ајакс - Арсенал е двобојот на најсилните во „Б“ групата. Двете екипуи се сеуште резервирани во националите првенства.
На амстердам арена топџиите доаѓаат осетно ослабени без Анри, Пирес и Ван Перси, во обид да слават првпат на шестото евро патување.
Копјаниците во најсилен остав кон сочувување на успешната традиција со ангичаните и подобрување на европскиот ефект од само една победа на 10-те последни дуели.
Во воведниот меч за опстанок во европа, швајцарската селекција Тун во Берн на мегдан со прашка Спарта.
Дебитантот Удинезе на „Ноу Камп“ против Барселона ќе ги проверува вистинските квалитети по убедливата победа над Панатинаикос.
Но Козми нема да го има на располагање токму творецот на триумфот, трикратиниот стрелец Јакинта.
Италјанскиот репрезентативец одби да го продолжи договорот и беше отстранет од тимот.
Недоразбирањата во Барселона биле само поради слатките маки на Рајкард. Дилеми нема, Роналдињо и Деко по отсуство од Севиља се враќаат во екипата.a
Во Атина дуел на губитниците од првата рунда Панатенаикос - Вердер.

Без право на кикс се и грците кои катастрофално стартуваа и во домаш првенствпо, како и германците кои се при врвот во Бундес лигата, а со повратникот Клосе кој не играше со Барса.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home